До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Еве листа од по тројца најдобри од секоја од петте најсилни лиги на светот.
Добро ви е познато дека whoscored.com е сајт кој се занимава со статистика во фудбалот и статистички детали во врска со фудбалерите, а после секој натпревар ги оценуваат играчите на секој тим во најсилните лиги на светот.
Да тргнеме од Премиер лигата, таму моментално најдобро оценет играч е Еден Азар со просек на оценка од 7.98, а после него на второто место е Фелипе Кутињо со просечна оценка од 7.85. Следи Алексис Санчез од Арсенал со 7.82.
Во Примера најдобро оценет играч е Нејмар со просечна оценка од 8.37 и единствен кој успеа да ја помина “осумката“. После него следи Лео Меси со 7.94 и Тони Крос со 7.89. Бејл и Роналдо се следни со 7,84 и 7.77.
Серија А во оваа сезона ни го претставува тој стариот Един Џеко. Џеко моментално е најдобар играч во лигата со просечна оценка од 8.08, следи Фелипе Андерсон од Лацио со 7.97, а на трето мерсто е Андреа Белоти со 7.88.
Бундеслигата ни донесува донекаде изненадувачки резултати. Најдобро оценет играч досега е Тиаго Алкантара со просечна оценка од 7.88. Емил Форсберг од Лајпциг е на второто место со 7.76, на третото место е Керем Демирбај од Хофенхајм со 7.71.
Фудбалерот на Ница, Рикардо Переира е на првото мексто во француската Лига 1. Тој моментално на 12 натпревари имаше просечна оценка од 7.76, додека Фабињо од Монако е на второто место со оценка 7,65. Следи Оскар Трехо од Тулуз со оценка 7,6.















