Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Двајца талентирани фудбалери на Барселона, Мунир Ел Хадади и Серџи Сампер ја продолжија соработката со каталонскиот клуб до 2019-та година.
Сампер има 21 година и игра на позицијата играч за врска. За Барселона дебитираше во 2014-та година против Апоел во ЛШ. Досега има одиграно 11 натпревари во сите натпреварувања.
Мунир има поголем број на натпревари во првиот тим. 20-годишниот напаѓач минатата сезона играше 26 пати и постигна осум погодоци.
Откупната клаузула на Сампер изнесува 50 милиони евра, а на Мунир 10 милиони повеќе.