За време на претставувањето на новиот напаѓач на Барса, Камп Ноу беше целосно празен


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Најновиот напаѓач на Барселона е Мартин Брајтвајт Кристенсен.

Овој 28-годишник пристигна како последна сламка на спасување за клуб од „Камп Ноу“ кој е хендикепиран поради повреди во последно време. Тој доаѓа од Леганес за кој постигна шест гола на Ла Лига во првиот дел од сезоната.

Поради неговата лоша статистиката, навивачите на Барселона не веруваат многу дека ќе биде од голема корист, па клубот реши да направи еден преседан за време на неговата презентација.

Иако вратите на стадионот „Камп Ноу“ се скоро секогаш отворени за навивачите при презентацијата на играч, овој пат не беше така. 28-годишниот напаѓач беше претставен без присуство на навивачи, а многумина веруваат дека Барса го стори тоа од страв да не привлече премногу навивачи, а потоа целата приказна ќе изгледаше уште потажна.

За време на презентацијата беа присутни само раководните лица на клубот, членовите на семејството и некои новинари.

Инаку, Данецот реши да го земе бројот 19, а потпиша договор со клубот до 2024 година со откупна клаузула од 300 милиони евра.