Започнува Премиер лигата: Ова се фаворитите за трофејот!


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Денеска започнува новата сезона на англиската Премиер лига, 34-то издание под ова име и вкупно 127-ма откако на Островот се игра натпреварувачки фудбал.

Во текот на наредните 38 кола, 20 тимови ќе се натпреваруваат за титулата на најдобра екипа во Англија, а победничката титула ќе ја брани Ливерпул.

Црвените на чело со новите засилувања како Вирц, Екитике, Фримпонг и Керкез, тргнуваат во одбрана на титулата оваа вечер на “Енфилд”. Ќе го пречекаат Борнмут, кој е идеален противник, бидејќи “Трешниците” го загубија целокупниот дефанзивен состав и голманот од претходната сезона.

Главните ривали на Ливерпул оваа сезона ќе бидат Арсенал, чии навивачи најсилно се надеваат на новото засилување Гјокерес, и Манчестер Сити, за кого е тешко да се повтори слабата форма од лани. За титулата би можел да се надева и Челси, ако ја задржи формата што ја покажа на Светското клубско првенство.

Покрај доаѓањето на спомнатите фудбалски имиња, најголемата сага продолжува со Александар Исак.

Тој по секоја цена сака да го напушти Њукасл и да премине во Ливерпул, но “Сврците” му го оневозможуваат тоа и сега шведскиот играч е во неизвесност.

Во Манчестер Јунајтед, засилени со Шешко, Мбеумо и Куња, и Тотенхем се надеваат на висок пласман, односно да ја избегнат ситуацијата од минатата сезона кога завршија на дното од табелата.

Лидс Јунајтед, Барнли и Сандерленд влегуваат во лигата и ќе видиме дали ќе успеат да обезбедат опстанок до крајот на сезоната, што им е главен приоритет.

И оваа сезона натпреварите од Премиер лигата ќе можете да ги следите на каналите на Арена Спорт.

Парови за првото коло:

Петок:

Ливерпул – Борнмут (21:00)

Сабота:

Астон Вила – Њукасл (13:30)

Брајтон – Фулам (16:00)

Сандерленд – Вест Хем (16:00)

Тотенхем – Барнли (16:00)

Вулверхемптон – Манчестер Сити (18:30)

Недела:

Нотингем – Брентфорд (15:00)

Челси – Кристал Палас (15:00)

Манчестер Јунајтед – Арсенал (17:30)

Лидс – Евертон (21:00)