Зарко се сели во кралската класа

Актуелниот шампион на МОТО2, Жоан Зарко следната сезона ќе се пресели во кралската класа во Јамаха Тех 3.

Францускиот тим од порано најави дека ќе има промена на возачите, а договорот беше потврден пред ГН на Германија.

Зарко со Тех3 потпиша 1-годишен договор со опција да биде продолжен.

На Французинот тимски колега ќе му биде Јонас Фолгер, а нив двајца ќе ги заменат Бредли Смит и Пол Еспаргаро.