Завршена работа! Јувентус го продаде италијанскиот напаѓач


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанскиот напаѓач, Симоне Заза кариерата ќе ја продолжи во ПЛ.

Според Скај Спорт Италија, Заза ќе биде нов фудбалер на Вест Хем.

Јувентус добро ќе заработи од овој трансфер, 28 милиони евра и тоа е уште една одлична завршена работа на бјанконерите ова лето.

Италијанскиот шампион во овој преоден рок постави рекорди во продажба и купување на фудбалери.

Пол Погба го продадоја на Манчестер Јунајтед за 105 милиони евра, а го доведоја Игуаин за 94 милиони евра.