Женската македонска репрезентација до 19 години освои второ место на развојниот турнир во БИХ

Женската репрезентација на Македонија до 19 години го освои второто место на развојниот турнир на УЕФА во БИХ.

Македонската надежна селекција одигра 3 натпревари во Зеница и Вогошча и два пати победи, прво против Босна со 2:1, па против Црна Гора на пенали, а против Хрватска запишаа пораз од 2:0.

Илза Максути и Јана Чубриноска беа стрелци на погодоците за Македонија во победата против Босна, а натпреварот против црногорките заврши 1:1 во регуларниот дел, Јана Чубриноска го постигна погодок, а на пенали македонките славеа со 5:3.

Женската репрезентација на Македонија се подготвува за квалификациите за ЕП до 19 години од 18-ти до 23-ти октомври кои се организирани во Скопје, а противниците се Велс, Италија и Република Ирска.