ЖФК Љуботен ангажираше фудбалерка од Нигерија


Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


ЖФК Љуботен од Тетово го објави своето најново засилување: Нигеријката Мариан Охадиве ќе биде дел од нивниот тим.

Охадиве ќе додаде квалитет и искуство во ЖФК Љуботен, со оглед на тоа што доаѓа од турската Суперлига, каде што настапуваше, а исто така играше и во Лигата на шампионите.

Тимот очекува нејзин придонес во напорите за одбрана на шампионската титула во домашното првенство.

Според клубските информации, Охадиве е последната нова играчка во овој преоден рок.