Жозе Мурињо насмеан го дочека новото засилување (ФОТО)

Жозе Мурињо доби засилување во офанзивниот дел од тимот.

Додека го чека пристигнувањето на новиот напаѓач, Специјалниот доби уште еден подарок, имено тоа е крилото Стивен Бергвин.

Станува збор за 22-годишна офанзивец, која ги помина сите младински селекции на ПСВ Ајндховен. Тој одигра навистина добро за првиот тим во претходните години, постигнувајќи шест голови оваа сезона и 13 асистенции.

Иако сè уште не е официјално претставен, холандскиот Де Телеграф излезе со фотографии на кои Бергвин позира во дресот на Спарс и трансферот веројатно ќе биде официјално потврден наскоро.

Новото засилување го пречека и насмеаниот Жозе Мурињо.