Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Изминатите денови се појавија информации дека Кејлор Навас би можел да го напушти Реал Мадрид до крајот на преодниот рок.
Дури се појавија гласини дека Костариканецот побарал трансфер од Реал, а наводно негова нова дестинациај би можела да биде ПСЖ.
После ова низ шпанските медиуми можеа да се прочитаат шпекулации дека Навас во Реал може да го замени Пепе Реина, но ако се праша Зидан, костариканскиот чувар на мрежата нема да оди нигде.
„Не можам да го замислам овој тим без него. Тој е важен играч, секогаш бил и секогаш ќе биде. Не ја размислувам можноста тој да го напушти тимот, не ми кажал дека сака да замине. Овде и сака да игра“, изјави Зидан, па продолжи:
„Тоа за нас е многу важно, тој секогаш бил професионалец, ќе имаме многу натпревари и ни треба…Секогаш во Реал се покажувал во најдобро светло“.
„Тука е и сметаме на него, тоа е пораката. Сакам Кејлор да остане со нас“, рече тренерот на Реал Мадрид.
Реал новата сезона во Ла Лига ја отворија со победа над Селта, додека Кралевите утрте во рамките на второто коло ќе играат дома против Ваљадолид.