Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на Реал, Зинедин Зидан е задоволен од тоа како неговиот тим одработи во текот на првата недела на тренинзите во групи.
“Беше добра недела бидејќи успеавме да работиме во мали групи. Успеавме да направиме повеќе тактички, физички, технички тренинзи … Верувам дека следната недела ќе бидеме уште подобри”, рече тренерот на Кралевите.
„Среќен сум што сум повторно со моите играчи, по скоро 60 дена“, додаде тој.
Реал е на два бода зад Барселона и се очекува мртва трка до крајот.
“Играчите сакаат да играат. Тие се фокусирани на она што нè чека. Останаа 11 натпревари и ние ќе се подготвиме добро да ја завршиме сезоната. Ние ќе дадеме се од себе за да го освоиме трофејот. Тоа е нашата ДНК – освојување на трофејот”, додаде Зидан.