Зидан одбра интересна локација за припремите на тимот на Реал


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Кралевите ја донесоа својата одлука.

Зинедин Зидан одбра интересна локација на која неговиот тим ќе се подготвува за новата сезона.

Францускиот стручњак го води тимот во Канада. Градот Монтреал ќе ги угости Кралевите од Мадрид, а Реал ќе ги извршува своите тренинзи во тренинг-центарот на екипата Монтреал-Импакт.

Ова не е прв пат Зидан да го води својот тим во овој град. Истото го направи и во 2016 година и тоа се покажа како вистински и правилен потег, бидејќи Реал после тоа постигна одлични резултати.

Реал во предсезоната ќе одигра неколку тешки натпревари. Во САД ќе биде дел од Интернационалниот шампионат, а познати се и противниците.

Првиот натпревар го играат на 20 јули против Баерн, а потоа следуваат натпревари на секои три денови, а ривалите ќе бидат Арсенал, Челзи и Атлетико Мадрид.

По враќањето на Стариот континент овој тим ќе одигра уште неколку тешки натпревари. Ќе се натпреваруваат и во Купот на Ауди во Минхен, каде што ги чека полуфиналниот дуел со Тотенхем.

Зависно од резултатот на овој натпревар ќе играат финале или натпревар за трето место, а противникот ќе биде или Баерн или Фенербахче.

Реал во текот на ова лето ќе претрпи огромни промени во тимот. Најавено е доаѓање на голем број нови фудбалери, меѓу кои се и некои големи звезди на фудбалската сцена.

Минатата сезона е „заборавена“ и Зидан сега го чека огромна работа за да успее да го склопи идеалниот тим за наредната сезона.