Зидан откри: Марко Асенсио неизоставен дел од првиот тим на Реал


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Помалку од месец дена остана до почетокот на шпанската Примера лига, а неочекувано тивно лето имаше актуелниот шампион на Европа Реал од Мадрид.

Стигна само еден фудбалер официјално, но Реал Мадрид доби големо засилување во вид на младиот Марко Асенсио кој во целост созреа играјќи на позајмица во Еспањол каде што со своите 19 години беше далеку најдобар играч во шпанската Примера.

Тоа што навивачите на Реал може да ги радува, е фактот дека Марко Асенсио, ќе игра во првиот состав кај Зинедин Зидан, и ќе биде неизоставен дел од тимот кој во оваа година сака да освои и повеќе во однос на претходната.

Зидан денеска во разговор за ЕСПН откри дека Асенсио е таканаречен „ клучен дел од сложувалката од Реал Мадрид“ и дека е воодушевен од тоа што младиот фудбалер покажува на подготвителните натпревари.

Сеуште се во тек шпекулациите околу тоа која позиција ќе ја завземи Асеснсио во екипата на Реал, и кој од велемајсторите ќе биде исфрлен од првиот состав.