Зидан порача на играчот: Подобро е да најдеш нов клуб


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, со фудбалерите на овој клуб ги почна подготовките за наредната сезона.

Екипата на Кралскиот клуб вчера отпатува во Канада каде што во рамките на подготовките ќе одигра неколку пријателски натпревари.

Зидан одржа прес конференција каде што рече дека Хемес Родригез нема да да ја напушти екипата на Реал, додека од друга страна Хесе тренба да го напушти клубот.

„Хамес е во моите планови за наредната сезона. Немам намера да го продадеме и тој ќе остане играч на Реал. Сеуште е на одмор, но ќе приклучи на подготовките во следната недела.

Што се однесува до Хесе тука ситуацијата е доста компликувана. Тој тешко ќе се избори за минутажа во мојата екипа и мислам дека за него е најдобро да најде друг клуб“, рече Зидан.

Реал Мадрид сеуште не доведе некое звучно засилување кое сите навивачи од Сантијаго Бернабе желго го исчекуваат. Сепак, сега е извесно дека неколку играчи ќе го напуштат клубот.