Зидан прави нова ѕвезда – Асенсио мора да остане во Реал!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Кога игра тоа го прави добро и задоволен сум од начинот на кој работи“, изјави Зинедин Зидан.

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан после победата во суперкупот на Европа изјави дека младиот Асенсио заслужува да биде дел од кралскиот клуб во новата сезона.

Мадриѓани после продолжение во Трондхајм ја совладаа Севиља со 3:2, а Асенсио постигна фантастичен погодок. Младиот фудбалер беше во стартниот состав во кој Зидан ги измеша картите и имаше предност пред Хамес Родригез.

„Асенсио одигра квалитетен натпревар и тоа не го зборувам само поради постигнатиот погодок. Тој мора да остане со нас, тоа е мојот план. Исто така, среќни сме поради трофејот. Севиља е одличен тим, нема да беше незаслужено ако таа го освоеше трофејот“, изјави Зидан.