Зидан пресече: Една ѕвезда од Реал мора да замине?!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шпанските медиуми тврдат дека еден од двајцата играчи за врска ќе го напушти Реал. Позната е и причината, а Колумбиецот има дополнителен проблем!

Во текот на подготовките, Зидан е импресиониран од квалитетите на Марко Асенсио.

Младиот играч за врска Реал го купи пред две години, а тогаш го остави на позајмица во екипата на Мајорка, додека во минатата година ја помина на позајмица во Еспањол.

Момчето има 20 години, иднина на Реал и Зидан планира да му пружи шанса. Со оглед дека требаше да стигне и Сисоко и судејќи по се Ковачиќ нема да го напушти Мадрид, постои вишок на играч за врска, а „АС“ пишува дека е доведено во прашање позициите на Иско или Хамес Родригез.

Зидан повеќе сака да го продаде Колумбиецот, но проблем е цената и интересот, Реал наводно бара 70 милиони евра, што никој нема да ги плати. Се споменуваат Пари Сен Жермен и Манчестер Јунајтед, Емери има други идеи, а Родригез не е изгледа по вкусот на Мурињо.

Поради тоа клубот може да го напушти Иско. Тој е незадоволен со минутажата, голем број на клубови сакаат да го доведат, поевтин е од Колумбиецот. Јувентус се распрашуваше на почетокот на преодниот рок, беше спремен да вложи околу 40 милиони евра, но доби негативен одговор.

Иско во минатото го сакаше Арсенал, како и Манчестер Сити, ако биде на продажба голем број на англиски клубови ќе реагираат.

Се процеува дека за 50 милиони евра Реал сигурно ќе прифати, но засега се е тоа само шпекулација. Сепак, ако Зидан го форсира Асенсио, јасно е дека неколку играчи ќе бидат на работ, бидејќи сигурни се Крос, Модриќ, Касемиро и дури Ковачиќ, за кого Французинот има одлично мислење.