Зидан се заљуби во Марко Асенсио – промоција две години после доаѓањето во Реал


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Нека се загрижат Хамес и Иско.

Единствена ситуација во Реал. Кралскиот соопшти дека денес од 13 часот на навивачите ќе му биде претставен Марко Асенсио.

Потпиша во 2014-та година, но тогаш се знаеше дека мадриѓани ќе го доведат за во иднина, па Асенсио следните две сезони ги помина на позајмица. Прво во Мајорка, па во Еспањол.

А потоа беше следен од Зинедин Зидан и моментално се заљуби во неговите квалитети. Толку што 20-годишниот фудбалер има предност пред 80 милиони платениот Хамес, па и Иско.

Официјалната промоција испраќа јасна порака – Марко е новиот миленик на Зидан.