Зинедин Зидан веќе донесе една голема одлука за наредната сезона

Тренерот на клубот од Мадрид, Зинедин Зидан има полни раце работа за да го среди нередот внатре во тимот кој го направија неговите претходници Солари и Лопетеги.

Реал одигра очајна сезона. Останаа без трофеи, играа многу слабо, а екипата ја водеа дури 3 тренери. Последниот, Зинедин Зидан доби голема задача, да го врати тимот на победничките стази.

Францускиот стручњак ќе добие дури 500 милиони евра за засилувања во тимот, но мора и да разреши со одредени фудбалери во тимот, меѓу кои има и некои големи звезди.

Герет Бејл е отпишан од Реал. На него повеќе не можат да сметаат, а според статиите на Мундо Депортиво, Зидан само после една сезона е спремен да се откаже од белгискиот голман Куртоа.

Без разлика на тоа што минатото лето на Челзи му беа исплатени 35 милиони фунти за Куртоа, тој сеуште не е по желба на Зидан. Тој е голем фан на Костариканецот Кејлор Навас и планира да му ја врати позицијата прв голман на тимот.

Тоа значи дека само после една година, Куртоа можно е да го напушти Реал во кој не се прослави и прими 42 голови за време на 32 натпревари за овој клуб. Од другата страна, Навас е клучниот човек во освојувањето на три последователни трофеи во Лигата на Шампионите и поради тоа Зидан нема намера да го исклучи од тимот.

Куртоа очигледно е дека ќе мора да бара нова средина, се шпекулира дека е можно да тргне во Париз, во ПСЖ итно им треба голман, а како идеално решение за тоа го гледаат Белгиецот.