Зошто Алваро Мората во неделата стана идол на многу навивачи на Атлетико?


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Атлетико Мадрид во неделата го одигра својот прв меч во новата сезона на Ла Лига и на свој терен славеше против Гетафе со 1-0.

Во натпревар кој донесе многу возбудувања со досуден пенал за домашните и по еден црвен картон на двете страни, пресуди голот на Алваро Мората.

Шпанецот во 23. минута на асистенција на Трипиер постигна гол кој на крајот им донесе три бода на Јорганџиите. Мората исто така можеше да постигне втор гол, но промаши пенал во 56. минута.

Сепак, Мората поради друг потег овие денови стана хит на социјалните мрежи, а посебно ги воодушеви навивачите на Атлетико.

Имено, откако заврши натпреварот, играчите се упатија кон соблекувалната, а Мората и Трипиер заедно тргнаа спрема излезот.

Шпанецот тогаш го предупреди Трипиер да не го гази грбот на Атлетико при излегување на теренот и со тоа „купи“ дополнителни симпатии кај навивачите на мадридскиот клуб.