Зошто Озил не игра? Емери беше брутално искрен одговарајќи на ова прашање


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Арсенал, Унаи Емери коментирајќи го натпреварот од Европа лигата против Стандард, рече дека Месут Озил не заслужува да игра во неговиот тим.

„Мислам дека секој пат ги избирам најдобрите играчи за секој натпревар и најдобрите играчи за тимот, така да знам дека тие ќе ни помогнат да направиме резултат“, изјави Емери, додавајќи:

„Ако одлучам Озил да не е во тимот, тоа е затоа што мислам дека друг играч повеќе го заслужува тоа“.

Озил не беше во ростерот за дуелот со Стандард, баш како ни за дуелот со Манчестер Јунајтед во понеделникот.

Како што стојат работите, мора побрзо да најде нов клуб.