Агуеро во конфликт со Гвардиола?


    Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


    Најдобриот стрелец на Манчестер Сити, Серхио Агуеро би можел да стане четвртата жртва на Пеп Гвардиола од доаѓањето на Шпанецот на „Етихад“.

    Аргентинецот последните два натпревари ги започна од клупата, во поразот од Барселона (4:0) во Лигата на Шампионите и ремито со Евертон (1:1) во Премиер лигата, а медиумите на Островот пишуваат деа постојат несогласувања меѓу Агуеро и Гвардиола.

    Конфликтот дополнително се зголемил бидејќи Агуеро не се загревал на најдобар можен начин на натпреварот против Барселона во средата, изразувајќи на тој начин незадоволство што е резерва.

    Агуеро пред дебакалот на „Камп Ноу“ постигна 11 гола, но шпанскиот менаџер смета дека тој мора повеќе да учествува во играта на „граѓаните“ и да биде поблиску до организацијата на играта.

    Тој би можел да биде четвртиот фудбалер кој ќе го напушти Сити по доаѓањето на Гвардиола, по Џо Харт, Самир Насри и Јаја Туре.