Азар: Знаев дека нема да успеам во Челси


    Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Додека неговиот брат Еден блеска во редовите на Челси, Торган одбра малку поразличен пат за градење на својата кариера во Менхенгладбах.

    Торган вели дека никогаш не фантазирал дека ќе биде првотимец во Челси.

    „Знаев дека нема да останам во Челси кога потпишав договор со нив. Беше добра прилика за мене, но знаев дека нема да ја добивам посакуваната минутажа“

    „Челси сака да купува млади фудбалери и споро да ги лансира во тимот. Де Брујн, Мусонде, Лукаку беа играчи приморани да одат на позајмици бидејки во тие години минутажата е најважна“ – вели Торган