Академија Пандев е осамена на врвот, Турново го декласира Вардар Неготино, Скопје поразен од Велазерими


    Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


    Во втората македонска лига се одиграа пет натпревари.

    Академија Пандев во Ново Лисиче славеше против Еуромилк со 1:2. Зоран Балдовалиев во 9-та минута и Љупчо Дориев во 12-та минута му ја донесоја победата на Академија Пандев. Андриан Чаволи беше стрелец за Еуромилк.

    Металург убедливо го совлада Љубанци со 3:1. Љубанци после првото полувреме имаа водство со погодокот на Роберт Тасевски. За 1 минута во второто полувреме фудбалерите на Металург направија превсрт со погодоците на Бојан Колевски и Дарко Дигаловски. Конечните 3:1 ги постави Роберто Стајев.

    Турново го декласираше Вардар Неготино со 4:1. Един Мерсовски и Томислав Илиев беа стрелци во првото полувреме за Хоризонт Турново. Кристијан Иванов во 50-та минута го зголеми водството на Турново од белата точка. Никола Божинов во 64-та минута го постигна четвртиот погодок за Турново. Стојан Петковски беше единствениот стрелец за Вардар Неготино.

    Велазерими го шокираше Скопје со 2:1. После 7 минути игра домашните фудбалери имаа водство, а стрелец беше Ерсин Фетахи. Истиот фудбалер на стартот на второто полувреме го постигна и вториот погодок за Велазерими. Белмин Чуљевиќ беше стрелец за Скопје.

    Тетекс и Новаци одиграа 1:1. Енис Дервиши во 22-ра минута погоди за водство на Тетекс, а конечните 1:1 ги постави Александар Неданоски во 60-та минута.

    ТАБЕЛА:

    1. Академија Пандев 13 бода
    2. Металург Скопје 10 бода
    3. Скопје 10 бода
    4. Хоризонт Турново 7 бода
    5. Велазерими 7 бода
    6. Еуромилк 6 бода
    7. Новаци 6 бода
    8. Вардар Неготино 4 бода
    9. Љубанци 3 бода
    10. Тетекс 2 бода