Академија Пандев ја продолжи победничката серија, Илиески го среди Љубанци, кикс на Скопје


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Се одиграа сите пет натпревари од тринаесетото коло од македонската втора лига.

    Академија Пандев славеше на гости против Тетекс со 0:3. Погодоците беа видени во второто полувреме, а Зоран Балдовалиев погоди за водство на Академија Пандев. Гостите останаа со фудбалер помалку во 77-ма минута кога Александар Багашовски доби црвен картон. Резервата Кристијан Трапановски ја осигура победата на Академија Пандев девет минути пред крајот на натпреварот. Зоран Балдовалиев по втор пат се запиша во листата на стрелци на денешниот натпревар и ги постави конечните 0:3.

    Велазерими се спаси од пораза на домашен терен против Новаци, 1:1. Во 18-та минута Александар Недановски погоди за водство на гостите. Лутфи Биљаљи шест минути пред крајот на натпреварот ги постигна конечните 1:1.

    Шест погодоци беа видени на натпреварот Хоризонт Турново – Скопје, 3:3. Един Мерсовски и Трајче Ефремов во првото полувреме погодија за водство на Турново. Скопје преку Фуркан Али и Дарио Десниќ израмни. Малиќ Белупи од пенал му донесе водство на Скопје, но Даниел Радојчиќ во 90-та минута ги постави конечните 3:3.

    Минимална победа на Металург против Вардар Неготино, 1:0. Стрелец на единствениот погодок на натпреварот беше Благоја Наумовски во 16-та минута.

    Еуромилк славеше на домашен терен против Љубанци, 2:1. Антонио Илиески во 11-та минута ги израдува домашните навивачи. Владимир Тунески постигна автогол и го израмни резултатот. Победата на Еуромилк му ја донесе Антонио Илиески со својот втор погодок на натпреварот, 2:1.