До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Легендарниот напаѓач зборуваше за трансферот на Игуаин во текот на гостувањето во една ТВ емисија и направи една интересна споредба.
„Ако Игуаин вреди 90 милиони евра, колку тогаш вредиме Бобо Виери и јас? Не смеам ни да помислам“, рече Суперпипо.
Инаку, пред 15 години Милан го доведе Инзаги од Јувентус за 35 милиони евра, додека Интер две години порано за трансфер на Кристијан Виери плати на Лацио 45 милиони евра.
Освен за оваа тема, Инзаги зборуваше и за младите напаѓачи. Тој смета дека Андреа Белоти од Торино и Доменико Берарди од Сасуоло се светла иднина на италијанскиот фудбал.
„Белоти е спремен за клуб от топ класа, а Берарди би го советувал да не каже НЕ на Јувентус“, изјави Пипо, кој моментално ја води Венеција.















