До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Нема индикации дека Давид Алаба може наскоро да го напушти Баерн.
Во минатата недела се појави вест дека Манчестер Јунајтед може да го доведе Алаба, но наводно Австриецот не сака да оди на Олд Трафорд.
Како што објави Manchester Evening News, Алаба сака да игра во Арсенал еден ден, бидејќи е Топџија од мали нозе.
Сепак, моментално со цврст договор е врзан за Баерн до 2021 година, но можеби во блиско време да му се исполни желбата и да заигра во дресот на Арсенал.
За крај ќе додадеме дека во дресот на Баерн во сите натпреварувања одигра 205 натпревари.















