Алармантна состојба пред Ел Класико – Листата на повредените – Роналдо, Меси, Бејл, Иниеста, Крос, Пике, Мората, Алба


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Состојбата ниту малку наивна.

    Ел Класико е на 3-ти декември, а сега почна да се поставува едно големо прашање – кој воопшто ќе биде спремен да го изнесе теретот кај двата шпански гиганти. Многу мисли во главите, а уште повеќе грижа за Зинедин Зидан и Луис Енрике бидејќи мадридските и каталонските медиуми соопштија информација која гласи – Кристијано Роналдо и Лионел Меси се под знак прашалник.

    Марка и АС соопштија според информациите на Кадена Сер дека Кристијано Роналдо има сериозни проблеми со  бутниот мускул и дека веднаш бил на физикална терапија. Португалецот се жалел на преотеретување на мускулот и голем замор.

    Најверојатно Роналдо ќе биде во составот на Реал на Камп Ноу.

    Мундо Депортиво од друга страна соошти дека Лионел Меси не го одработил тренингот после натпреварот против Реал Сосиедад и дека цело време бил во теретана. Беше соопштено дека Меси добил сериозни удари и дека ќе биде потребно време да се опорави од последиците на тешките дуели.

    Од Барселона соопштија дека на листата на повредени се приклучија Жерар Пике и Жорди Алба. Тие се во посериозен проблем и прашање е дали ќе успеат да се опорават за време на најважниот судир.

    Алба денот го помина во медицинскиот центар каде му беше дијагностицирано тежок удар во фибулата, но и тешко истегнување на лигаментите како и проблем со чашката после незгодниот судир со Карлос Вела. Што се однесува до Пике, тој го повреди десното колено само неколку моменти после тоа што Алба почувствува болка. Пике страдаше после контактот со Ојарзабал, а иако двајцата побараа да бидат замените, Енрике не ги послуша. Исто така нивните замени, Жереми Матје и Самуел Умтити се повредени. Матје има повреда на мускулот, а Умтити проблеми со препоните.

     

    И нивното враќање на теренот беше забележано за оваа недела, но не се знае дали на време ќе бидат спремни за Ел Класико.

    Единствена добра вест за каталонците е што Арда Туран доби отпусна листа од лекарскиот клуб и би требало да влезе во ритам до сабота.

    Под знак прашалник е и капитенот Андрес Иниеста. Неговата повреда на коленото која ја заработи против Валенсија не беше ниту малку наивна, но последните извештаи најавуваат дека Иниеста би можел да биде во списокот на повикани фудбалери за Ел Класико.

    Кај Реал ситуацијата е подраматична. Зидан сигурна нема да може да смета на Тони Крос и Герет Бејл.

    На сето тоа ниту Алваро Мората не може да биде на располагање на легендарниот фудбалер поради повредата на ахиловата пета, а Карим Бензема одамна стана persona non grata помеѓу навивачите на Реал и не го сакаат во тимот. Но, и понатаму французинот е незаменлив штраф во системот на Зидан и до следното лето нема да има никакви проблеми иако навивачите на кралскиот клуб сакаат да си замине французнот веднаш.

    АС соопшти дека после натпреварот против Спортинг Хихон повреди пријавиле Рафаел Варан и Фабио Коентрао. Португалскиот бек се пожалил на повреда на бутниот мускул, а францускиот дефанзивец на менискусот. Но, според последните најави големи се шансите да се најдат во тимот и да заиграат против Барселона.