Албанија издржа едно полувреме против Шпанија, Исланд за две минути ја среди Турција, Србија ја падна на колена Австрија


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Во 20:45 се одиграа уште пет натпревари од третото коло од групната фаза за пласман на СП.

    Репрезентацијата на Шпанија за осум минути ги растажи албанските навивачи во Скадар. Диего Коста и Нолито беа стрелци за погодоците за Шпанија.

    Две минути беа доволни за Исланд за да ја победи Турција. Топрак постигна автогол со кој му донесе водство на Исланд, а Финбогасон ги постави конечните 2:0.

    Лонг и два пати МекКлин и донесоја победа на Ирска на гостувањето во Молдавија, 1:3.

    Во дербито, Србија славеше на домашен терен против Австрија со 3:2. Митровиќ и донесе водство на Србија, Сабицер набрзина израмни. Повторно Митровиќ го врати водството на Србија. На полувреме се замина со резултат 2:1. Јанко со својот погодок го израмни резултатот, а Тадиќ во 74-та минута ги постави конечните 3:2.