Александар Јончевски – Добро е што победивме


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    По денешната победа на МЗТ Скопје во македонското дерби против Карпош Соколи можеше да се види олеснување кај тренерот Александар Јончевски.

    МЗТ стигна до победа без Марко Симоновски и Шарлон Клоф кој се повреди во финишот на натпреварот.

    „Како што и најавив, тоа беше многу тежок натпревар. Притисокот беше на нашата страна со оглед на тоа што ние пет години играме во АБА-лигата, а тие се новајлии. Успеавме да издржиме, да се вратиме по високата негатива и да завршиме со позитивен резултат. Мислевме дека ќе бидеме комплетни на денешниот меч, но еден ден пред натпреварот се повреди Симоновски (задна ложа), како и Мекиќ кој настапи многу малку. Единствениот плејмејкер што го имавме, Шарлон Клоф, се повреди во последната четвртина и сѐ уште не знаеме колку е сериозна неговата повреда. Го донесовме и Даниел Кларк, кој имаше повеќе од солиден настап и покрај тоа што со тимот имаше само два тренинга. Сега се насочуваме кон мечот против Цедевита од Еврокупот, кој се игра в среда“, изјави тренерот на МЗТ Скопје, Александар Јончевски.

    „Среќата ни се насмевна во финишот иако лошо го отворивме натпреварот. И по огромната негатива некако се собравме и победивме. Сега ни следи тежок меч со Цедевита и мораме што подобро да се подготвиме“, изјави кошаркарот на МЗТ Скопје, Урош Лучиќ.