До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
За неколку дена продолжуваат квалификациите за Светско првенство ширум светот.
Посебно интересно е во Јужна Америка каде што неколку селекции се борат за места кои водат во Русија.
Сепак, навивачите на Чиле денеска сознаа тажна вест бидејќи Алексис Санчез поради повреда ќе ги пропушти наредните натпревари.
Фудбалерот на Арсенал се повреди денеска на тренингот на својата репрезентација, и во солзи го напушти стадионот.
Чилеанските медиуми пренесоа дека се работи за тешка повреда, но сеуште не е познато колку Алексис ќе отсуствува од терените.
Алексис сигурно ќе ги пропушти мечевите против Колумбија и Уругвај, а после дополнителните прегледи ќе се знае дали ќе биде спремен за дербито Арсенал и Манчестер Јунајтед. Со оглед дека во солзи го напушти тренингот се чини дека Чилеанецот нема така брзо да се врати на терен.















