Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
Тренерот на Лос Анџелес Галакси, Брус Арена денес беше ставен како нов селектор на САД, една деценија после добивањето на отказот на таа функција.
Арена ќе го замени Јирген Клинсман, а работата ќе ја преземе на 1-ви декември.
Тоа ќе му биде втор мандат на Арена на клупата на САД бидејќи ги предводеше од 1998-ма до 2006-та година. Репрезентацијата на САД во тој период запиша 71 победа, 30 порази и 29 нерешени, а најголемиот успех беше пласман во четвртфиналето на СП 2002-ра.
Клинсман беше сменет после два порази во низа во квалификациите за СП.