До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Англискиот прволигаш Манчестер Јунајтед продава најмногу дресови на светот и во последните пет години ги продаде 1.75 милиони, покажа истражувањето кое го спроведе Скај Спорт.
На второто место е мадридски Реал со само 100 000 дресови помалку, на третото е Барселона која продаде 1.28 милиони, а меѓу петте најдобри се уште минхенски Баерн (1.2 милиони) и Челси (899 000).
Место во првите десет најдоа Ливерпул (852 000), Арсенал (835 000), ПСЖ (526 000), Јувентус (452 000) и Борусија Дортмунд (293 000).















