Андора после 12 години го освои првиот бод


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Селекцијата на Андора вечерва освои бод во дуелот со Фарски Острови (0:0).

Андора стигна до првиот бод во мечот со Фарски Острови, што е нормално причина за славје на фудбалерите на оваа селекција.

После 12 години Андора успеа да освои бод во квалификациите. Претходно оваа држава имаше 58 натпреварувачки порази во низа.

Последен пат бод освоија против Финска на 3 септември 2005 година, а од тогаш постигнаа 11 голови во квалификациите за СП и ЕП, а примија 192 .

Во 100 натпревари запишаа една победа, 95 порази и три реми со 25 постигнати и 310 примени голови.