Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Фудбалската репрезентација на Аргентина синоќа доживеа вистински дебакл после високиот пораз од репрезентацијата на Хрватска.
Аргентинските медиуми и навивачи се потполно разочарани, а главни виновници за сево ова ги сметаат голманот Кабаљеро и селекторот Сампаоли.
Сампаоли беше главна мета на критичарите во Аргентина и пред почетокот на првенството, бидејќи одлучи да не ги повика Икарди и Пасторе, а синоќа на клупата го остави Паоло Дибала, Игуаин и Ди Мариа од причини само за него познати.
Како што пренесуваат аргентинските медиуми репрезентативците на Аргентина одржале состанок после натпреварот и епилогот од сево ова бил само една желба – заминување на селекторот. Наводно тие не сакале воопшто веќе да не ги тренира Сампаоли.
Со ова барање се обратиле до Аргентинскиот фудбалски сојуз и како што стојат работите веројатно Сампаоли нема да биде селектор на последниот натпревар против Нигерија. Останува да видиме што ќе се случува во наредните денови.