Арда Туран со интересна изјава ги налути навивачите на Атлетико


    Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Арда Туран даде интересна изјава во врска со својот поранешен клуб Атлетико Мадрид.

    Туран изјави дека постојано се шегува со поранешните колеги дека по неговото заминување од Атлетико веќе ништо не е исто во тимот.

    „Откако заминав, Атлетико не освои ништо“ – вели Туран.

    „Понекогаш се зафркавам со пријателите од тој клуб во врска со тоа. Сакам да нагласам и дека во Атлетико ми беше одлично и среќен сум што играв и за нив“ – додаде Арда Туран.