Арсенал во проблеми: После Санчез се повреди и Белерин


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Големи проблеми за Арсен Венгер, после повредата на Алексис Санчез, се повреди и Ектор Белерин на репрезентативната должност.

    Екипите во Премиер лигата останаа со само неколку играчи во првите тимови, причините се интернационалните натпревари.

    Арсенал секако е една од екипите која остана без голем број на играчи, а досега двајца се повредија.

    Пишувавме за Алексис Санчез, а сега се повреди и Ектор Белерин, младиот репрезентативец на Шпанија.

    АС денеска пренесе дека Белерин не тренираше пред бараж мечот против Австрија, а како причина е наведена полесна повреда, за среќа на навивачите на Арсенал и тренерот Венгер.

    Од друга страна, постојат медиуми кои пренесоа дека Белерин нема да игра против Австрија.

    Алексис Санчез е веќе под голем знак прашање за мечот против Манчестер Јунајтед, отсуството на Белерин ќе биде голем удар за Арсен Венгер.