Арсиќ е херој на Металург – Голманот одбрани зицер за победа


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Ракометарите на Металург во натпревар од четвртото коло од ЛШ славеше против Ла Риоха со 24:23.

    Во почетните минути од натпреварот се играше гол за гол. При резултат 4:4, ракометарите на Металург направија серија од 4 погодоци, 8:4. Гостите до крајот на првото полувреме успеаа да намалат на 2 погодоци, 11:9. Вториот дел домашните ракометари го отворија со серија од 2 погодоци, 13:9. Гостите од Шпанија успеаа да се вратат во натпреварот, 18:18. Ракометарот на Металург, Милош Драгаш постигна неколку погодоци во серија и му донесе водство на Металург, 24:23. Ракометарите на Ла Риоха промашија напад за израмнување, а потоа истото го направи и Металург. На крајот гостите имаа огромна шанса за израмнување, но Дарко Арсиќ со својата фантастична интервенција му донесе победа на Металург, 24:23.

    Немања Обрадовиќ и Милош Драгаш со 7 погодоци и Дарко Арсиќ со 16 интервенции го предводеа Металург до победа. Филип Талески го заврши натпреварот со 4 погодоци. Лангаро беше најефикасен кај Ла Риоха со 7 погодоци. Перез Фернандез беше несреќникот на овој натпревар бидејќи промаши зицер за освојување на бод на шпанскиот клуб.