Атлетико извлече бод во Каталонија, Меси се повреди


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Во дерби дуелот од петтото коло од шпанската Примера, кој е одигран на Ноу Камп, Барса и Атлетико ремизираа со резултат 1:1.

    Фудбалерите на Барселона ги држеа во поголем дел од натпреваро работите под контрола, но едноставно не успееја да ги освојат сите три бода.

    Домаќините поведоа во 41 минута, кога Иван Ракитиќ со глава погоди на уфрлување на Андрес Иниеста.

    Ракитиќ погоди, кога пвеќе не успееја Меси во 14 минута (одбрана на Облак) и Нејмар во 36 минута (промашување). Работите на теренот драстично не се менија ни на почетокот на вториот дел, а тогаш во 59 минута повреден е Лео Меси, па мораше да ја напушти играта.

    Само што излезе, Анхел Кореа, кој во игра влеза наместо Кевин Гамеиро, погоди за 1:1.

    Барса преку Нејмар и Пике имаше добри шанси, Алба во 86 минута имаше мат позиција, но Атлетико се одбрани и дојде до вреден бод.

    На табелата Реал е прв со 13 бода, а Севиља е втора со 11.