Баерн се врати на победнички патеки, Сабитцер влезе и ја продолжи бајката на Лајпциг


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Уште пет натпревари се одиграа од деветото коло од Бундеслигата.

    Карло Анчелоти и Баерн Минхен им се вратија на победите. Во период од две минути Роберт Левандовски и Аријен Робен му донесоа водство на баварците од 0:2. На почетокот на второто полувреме Роберт Левандовски по трет пат ја затресе мрежата на Аугсбург, 0:3. Ко Ја Чеол го постигна единствениот погодок за Аугсбург на овој натпревар. Баерн Минхен после денешната победа на гости останаа на врвот.

    Фрајбург славеше на гостувањето против Вердер Бремен со 1:3. Филип ги израдува домашните навивачи во 29-та минута. Десет минути подоцна Грифо од белата точка го зголеми водството на гостите. Гарсија во вториот дел израмни, а Абраши во 75-та минута ги реши дилемите околу победникот на овој натпревар, 1:3.

    Новиот прволигаш Лајпциг продолжува со бајката. Денес славеа на гостувањето против Дармштадт со 0:2. Погодоците беа видени во второто полувреме. Сабитцер кој влезе во вториот дел со двата погодоци го остави својот тим на втората позиција со два бода зад лидерот Баерн Минхен.

    Мајнц ја одбрани честа на домашните. Само тие денес победија од домашните клубови. Мали и Остунали во второто полувреме ги постигнаа погодоците за победа на Мајнц против Инголштадт, 2:0.

    Баер Леверкузен славеше со пресврт против Волфсбург, 1:2. Арнолд во 37-ма минута ги израдува домашните навивачи. За четири минути во второто полувреме гостите постигнаа два погодоци и го однесоа цел плен. Мехмеди и Једвај беа јунаците на Баер Леверкузен во денешната победа.