Балдовалиев од пенал го реши Велазерими, Неданоски го врати Новаци на победнички патеки


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Од 11-то коло од втората македонска лига се одиграа сите пет натпревари.

    Лидерот на табелата, Академија Пандев се намачи против Велазерими, 1:2. После пет минути игра гостите стигнаа до водство преку Атанасов. Зеќири во 26-та минута го израмни резултатот. Победата на Акдемија Пандев му ја донесе Балдовалиев од пенал пред дваесет минути пред крајот на натпреварот.

    Хоризонт Турново славеше убедливо на домашен терен против Тетекс, 3:1. Иванов во првото полувреме погоди за водство на Турново. Јанев го зголеми водството на турновци. Гостите преку Дервиши го постигнаа единствениот погодок на натпреварот, а Илиев ја осигура победата на Турново четири минути пред крајот.

    Александар Неданоски го врати Новаци на победите. Денес Новаци го совлада Металург на гости со 0:2. Неданоски беше стрелец на двата погодоци.

    Двата погодоци на Христов и едниот на Чаволи беа доволни за победа на Еуромилк против Скопје, 3:2. Љубанци и Вардар Неготино ги поделија бодовите, 1:1.