До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Италијанскиот фудбалер пронајде нова младост во дресотна Ница, која делумно благодарение на Балотели се наоѓа на врвот на табелата од Лига 1.
Ница изненадувачки е на чело од француската Лига 1, три бода бега од второпласираниот Монако, а Супер Марио постигна шест голови во исто толку настапи од доаѓањето од Ливерпул.
ПСЖ се наоѓа на третото место на табелата, екипата која го освои првенството во последните четири наврати и понатака е главен фаворит.
Сепак, Ница е пат да го повтори успехот на Лестер од минатата сезона, само во Франција, доколку тоа го направат Балотели е спремен, веќе смисли начин како ќе ја прослави титулата.
„Среќен сум овде. Многу брзо се вклопив во ова фантастично место.
Тимот има многу млади играчи и тренерот е одличен и успеавме се да наведеме во наша корист. Долг е патот има уште пред нас, но ако ја освоиме титулата, ќе ја прелетам Ница со хеликоптер“, изјави поранешниот напаѓач на Интер, Манчестер Сити, Милан и Ливерпул.















