Барнли не можеше да го сопре Агуеро – Два погодоци на Аргентинецот во победата на Сити


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Фудбалерите на Манчестер Сити славеа со 1:2 на Турф Мур против Барнли во натпревар од тринаесетото коло од ПЛ.

    Марни постигна фантастичен погодок во 14-та минута за водство на Барнли. Аргентинскиот напаѓач, Серхио Агуеро после одбиена топка се најде на вистинското место и го израмни резултатот. Само неколку минути по погодокот Агуеро повторно се закани по голот на Робинсон, но голманот на Барнли овој пат беше сигурен. После еден час игра на Турф Мур, Манчестер Сити стигна до водство. Фернандињо му асистираше на Агуеро кој го постигна вториот погодок на денешниот натпревар. Граѓаните го задржаа водството до крајот на натпреварот и си заминаа со цел плен од Турф Мур.

     

    Манчестер Сити во следното коло ќе го пречека на Итихад, Челси, а Барнли игра на гости против Стоук.