До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
На Видал деновите се одбројани, а Луис Енрике веќе се реши. Но, потребна е замена, три имиња во игра…
Серхи Роберто избори место во тимот и наводно Луис Енрике го гледа како решение за долг период, наследникот на Дани Алвеш, после што Алеиш Видал разочара.
Поранешниот бек на Севиља ќе го напушти клубот во јануари, можна е размена за Жоао Кансело. Но, Португалецот нема да се задоволи да биде резерва, а ни Луис Енрике не е баш уверен дека тој е решение.
Неговата идеја е за искусен десен бек, ветеран кој може да ја донесе таа смиреност во последната линија, но и кој да влегува од клупа.
Две имиња се во игра. Едно е Стефан Лихштајнер на кого му истекува договорот на лето, Јуве веројатно ќе го пушти за некоја помала сума, а Швајцарецот секако ќе биде големо засилување.
Второто е Дарио Срна, поранешниот капитен на Хрватска и легенда на Шахјтор. На него Украинците можат да му се оддолжат и да го пуштат практично на крајот од кариерата да заигра за Барса.
Значи, Кансело, Срна или Лихштајнер, помалку е сепак веројатно, дека овој првиот, Португалецот , стигнува во клубот во размена за Видал.
Но, како што рековме, Лучо“ се реши за Серхио Роберто е прв избор кај десната аут линија…















