До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Барселона е еден од клубовите кој многу вложува во домашни играчи, и познато е дека нивната академија Ла Масија е една од најдобрите на светот.
Во последните 15-тина години каталонската екипа доби многу талентирани играчи од својата академија што на Барса донесоа многубројни титули.
Сепак, има и такви за кои челниците на клубот не ги проценија дека ќе бидат калибар за првиот тим на Барселона.
Еден од тие е и Мауро Икарди кој во 2008 година кога имаше 15 години стигна во Ла Масија.
Аргентинецот имаше понуди од многу клубови, но се одлучи за Барселона бидејќи од мали нозе навива за каталонскиот клуб.
Сепак, само четири години подоцна Барселона се одлучи да го продаде и тоа е можеби и најголемата грешка на овој клуб.
Каталонците Икарди го продадоа на Сампдорија за 400 000 евра, а сега напаѓачот на Интер вреди неверојатни 100 милиони евра. Икарди израсна во одличен напаѓач, а тоа најдобро покажа во победата на Интер над Јувентус.















