До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Двонеделната репрезентативна пауза тренерот на Барселона ќе ја искористи со цел да работи со неколку повредени играчи.
Ел Ккасико е закажан за трети декември, а во каталонскиот клуб се надеваат дека еден играч кој моментално е надвор од тимот поради повреда до тогаш може да се врати.
Имено, во клубот се надеваат дека Иниеста може да се врати на терен баш на дербито со Реал, но е тешко да биде внесен во стартните 11.
Во најдобар склучај, искусниот Шпанец ќе го почне Ел Класико од клупа, а во второто полувреме ќе добие шанса доколку биде потребен.
Сепак, постои можност за Иниеста да не заигра воопшто до крајот на 2016 година.
Неговото опоравување сега оди по планот, наскоро и ќе се знае дали навистина ќе биде спремен за дуелот со Кралскиот клуб.















