Барса се мачеше едно полувреме, па ја разнесе Бидасоа Ирун


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Бидасоа Ирун – Барселона 26:35 (13:15)

    Ракометарите на Барселона ја забележаа 102. победа по ред, но се наидоа на силен отпор во мечот од 11 коло на ASOBAL лигата против некогашниот првак на Шпанија и Европа, Бидасоа Ирун. Барса славеше со 26:35 (13:15) и им се врати на позитивните резултати по поразот во Париз.

    Саизар и Кинтана добро почнаа за домашната екипа, но првакот парираше и со головите на Нодесбо и Нгесан израмнија на 3:3. Двете екипи играа гол за гол и со дури осум израмнувања се влезе во последните мигови од првиот дел. Тогаш со три гола од контранапад на Саубич и Арињо (два гола), гостите побегнаа на 9:12.

    Икер Серано Матијас со два неодговорени гола го доближи својот тим до -1, кога Лазаров го постигна својот прв гол за 13:14. Половина минута подоцна Виктор Томас погоди за +2 за Барса на полувреме.

    Второто полувреме почна со голови на Лазаров и Ласе Андерсон и момците на Пасквал ја одржуваа дистанцата од 2-3 гола предност. Следуваа нови голови на скандинавците Андерсон и Нодесбо за 17:22 во 42 минута од натпреварот. Играта на Бидасоа Ирун се распадна и со головите на Лазаров, Ривера и Жалуз веќе беше +8 на средина од вториот дел.

    Многу рутински до крајот на мечот Барса стигна до уште една победа во домашниот шампионат и со дури и поубедливо од што се очекуваше славеше со 26:35.

    Во екипата на Барселона се истакнаа Лазаров и Нодесбо со по 6 гола, а кај домашниот тим на Бидасоа Ирун најефикасни беа Саизар со 6 и Бораган Фернандес со 5 гола. Борко Ристовски одбрани еден седмерец, а Гонзало на голот согра 16 интервенции. За време на викендот екипата на Лазаров и Борко Ристовски гостува во Данска кај Силкеборг во 7. коло на Лигата на шампионите.