Барселона без „Белиот принц“ во Ел Класико


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Од Ноу Камп стигна вест дека Андрес Иниеста ќе ги пропушти наредните 14 мечеви, меѓу кои и дербито против Реал Мадрид.

    Иниеста вчера на Местаља доживеа незгодна повреда поради оштриот старт на Енцо Перез, па ќе мора на долга пауза.

    „Ас“ во денешното издание пишува дека Барса ќе биде без својот капитен на првенствените мечеви против Гранада, Севиља, Малага, Реал Сосиедад, Реал Мадрид, Осасуна и Еспањол, како и на натпреварот од првата рунда од Купот на Кралот против Херкулес и преостанатите три меча од групната фаза од Лигата на шампионите против Манчестер Сити, Борусија Мехенгладбах и Селтик.

    Иниеста истотака ќе ги пропушти квалификационите натпревари за Мундијалот во Русија меѓу Шпанија и Македонија, како и пријателскиот дуел против Англија.

    Се поставува и прашањето кој ќе го замени „Белиот принц“ во стартниот состав на Каталонците.

    Кандидати се неколку – Арда Туран, Андре Гомеш, Рафиња Алкантара, Денис Суарез, Серџи Роберто.