Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Фудбалерите на Барселона на Камп Ноу ја победија Севиља во натпревар од 30-то коло во Ла Лига, 3:0.
На почетокот на натпреварот Меси ја погоди пречката. НЗонзи имаше огромна шанса за погодок, но Тер Штеген го одбрани неговиот удар. На другата страна Ракитиќ шутираше со глава покрај голот.
Во 25-та минута Луис Суарез постигна фантастичен погодок со ножички за водство на каталонците. Три минути подоцна Лионел Меси зголеми на 2:0.
Аргентинецот во 33-та минута го постигна својот втор погодок на натпреварот, трет за Барселона.
Меси во второто полувреме имаше шанса да постигне хет-трик, но тоа не го дозволи Рико. Тер Штеген со неверојатна одбрана го запре ударот на Сарабија. Севиља натпреварот го заврши со 10 фудбалери бидејќи Витоло доби црвен картон, а промена на резултатот немаше, 3:0.
Барселона после денешната победа ќе се искачи на првата позиција со еден бод повеќе од Реал Мадрид, но кралскиот клуб вечерва игра против Легањес, а има и натпревар помалку.