Барселона и Енрике ја продолжуваат соработката


Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Барселона е подготвена да ја продолжи соработката со Луис Енрике, јавуваат денеска шпанските медиуми.

Според пишувањата на шпанските медиуми, управата на Барселона е подготвена да ја продолжи соработката со менаџерот Енрике чиј договор му истекува на крајот на сезоната.

„Сакаме да ја продолжиме соработката со Енрике, но нема за ова да разговараме пред крајот на сезоната“, изјави првиот човек на клубот, Бартомеу.

Потсетуваме, Барселона во моментов се наоѓа на второто место на табелата во шпанската лига со шест бода помалку од Реал, а во осмина финалето во ЛШ ќе игра против ПСЖ.