Барселона не дозволи изненадување во Данска – Лазаров најефикасен против Силкеборг


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Ракометарите на Барселона славеа во Данска против Силкеборг со 23:27 во натпревар од седмото коло од Лигата на Шампионите.

    Првото полувреме ракометарите на Силкеборг го добија со 13:11. Со двата погодоци во серија на каталонците го израмнија резултатот во второто полувреме. Ракометарите на Барселона постигнаа три погодоци во серија и стигнаа до водство од четири погодоци, 15:19. Силкеборг пополека се доближуваше до израмнување, но стигна само до еден погодок негатива, 21:22. Каталонците постигнаа три погодоци во серија и повторно го вратија водството од четири погодоци, 21:25. Ракометарите на Барселона на крајот славеа со 23:27 против Силкеборг.

    Кирил Лазаров и Андерсон со по 6 погодоци ја предводеа Барселона до победа. Дамгард и Скубе со по 5 погодоци беа најефикасни во тимот на Силкеборг.

    Барселона во следното коло игра повторно против Силкеборг, но во Шпанија.